Стар Завет

Нов Завет

Псалми 80:11-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Своите млади прачки ги испружи до морето и своите ластари до Реката.

12. Зошто и ја сруши оградата, за да ја берат сите што минуваат патем,

13. да ја запустува дивинита од гората, да ја пасат полските ѕверови?

14. Врати се, Боже над Воинствата, погледај од небото и види, посети го ова лозје:

15. заштити го тоа што го засади Твојата десница, синот кого го воспита за Себеси!

16. Тие што ја изгореа и исекоа, нека загинат од заканувањето на Твоето лице!

17. Твојата рака нека биде над човекот на Твојата десница, над човечкиот син, кого го воспита за Себеси!

18. Не ќе се одметнуваме повеќе од Тебе; поживи нè, а ние ќе го повикуваме Твоето име.

19. Господи, Боже над Воинствата, обнови нè! разведри го Своето лице и спаси нè!

Прочитајте целосна глава Псалми 80