Стар Завет

Нов Завет

Псалми 80:10-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Сенката и ги покри бреговите, гранките и станаа како Божји кедрови.

11. Своите млади прачки ги испружи до морето и своите ластари до Реката.

12. Зошто и ја сруши оградата, за да ја берат сите што минуваат патем,

13. да ја запустува дивинита од гората, да ја пасат полските ѕверови?

14. Врати се, Боже над Воинствата, погледај од небото и види, посети го ова лозје:

15. заштити го тоа што го засади Твојата десница, синот кого го воспита за Себеси!

16. Тие што ја изгореа и исекоа, нека загинат од заканувањето на Твоето лице!

Прочитајте целосна глава Псалми 80