Стар Завет

Нов Завет

Псалми 80:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи. На свиралката: Шошаним-Едут. Асафов псалм. Израелев Пастиру, послушај, Ти што го водиш Јосифа, како стадо овци! Ти што седиш над херувите, заблескај.

2. Пред Ефрема, Венијамина и Манасија: разбуди ја Својата сила, дојди ни напомош!

3. Боже, обнови нè, разведри го Своето лице и спаси нè!

4. Господи, Боже над Воинствата, до кога ќе пламнуваш, иако Твојот народ се моли?

5. До кога ќе нè храниш со лебот на солзите, и ќе нè напојуваш изобилно со солзи?

6. До кога нашите соседи ќе се препираат за нас, и ќе ни се ругаат нашите непријатели?

7. Боже над Воинствата, обнови нè, разведри го Своето лице и спаси нè!

8. Ти ја пренесе лозата од Египет, ги истера нечистите, а неа ја засади.

Прочитајте целосна глава Псалми 80