Стар Завет

Нов Завет

Псалми 8:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. На пејачкиот началник, со гетска свирка. Давидов псалм. Господи, Боже наш! Колку е величествено Твоето Име по целата земја; Ти ја подигна Твојата Слава над небесата.

2. Од устата на малите деца и на доилчињата, Си зацврсти сила заради Твоите непријатели, за да ги натераш да молкнат: врагот и одмаздникот.

3. Кога ги гледам Твоите небеса, делото на Твоите прсти; месечината и ѕвездите што си ги поставил:

4. Што е човекот за да си спомнуваш за него? Или човечкиот син за да го посетуваш?

5. А Ти го направи само малку подолен од ангелите и го овенча со слава и чест.

6. Го постави за господар над делата на Своите раце; сè му потчини под неговите нозе:

7. сите овци и говеда, и полските ѕверови кон тоа;

8. небесните птици и морските риби и сè што поминува по морските патишта.

9. Господи, Боже наш! Колку е величествено Твоето Име по целата земја.

Прочитајте целосна глава Псалми 8