Стар Завет

Нов Завет

Псалми 79:5-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. До кога уште, Господи? Зар ќе се гневиш секогаш? Зар Твојата ревност ќе гори како оган?

6. Излеј го гневот врз незнабожците, што не Те признаваат, и врз царствата што не го повикуваат Твоето име!

7. Зошто го изедоа Јакова и го опустија неговото престојувалиште.

8. Не спомнувај си, против нас, за беззаконијата на татковците, нека нè испревари Твојата милост, зашто сме јадни и неволни.

9. Помогни ни, Боже, наше спасение, заради славата на Своето име, ослободи нè и прости ни ги гревовите заради Своето име!

10. Зошто незнабожците да зборуваат: „Па каде е нивниот Бог?” Нека се покаже врз многубожците, пред нашите очи, како ја одмаздуваш пролеаната крв на Своите слуги!

11. Нека стигнат до Тебе воздишките на затворениците, со силата на Своите мишки запази ги осудените на смрт!

Прочитајте целосна глава Псалми 79