Стар Завет

Нов Завет

Псалми 77:8-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Дали прекрати Неговата милост засекогаш, пропадна ли Неговото ветување за сите поколенија?

9. Заборави ли Бог да биде благодатен, или гневен ја затвори Својата милост?”

10. И говорам: „Ова е мојата болка: се измени десницата на Сèвишниот.”

11. Си спомнувам за Господовите дела, се сеќавам за Твоите древни чудеса.

12. Ги набљудувам сите Твои дела, го разгледувам она што го направи.

13. О Боже, свет е Твојот пат; кој бог е толку голем како нашиот Бог?

14. Ти си Бог, Кој твориш чудеса, врз народите ја покажа Својата сила.

Прочитајте целосна глава Псалми 77