Стар Завет

Нов Завет

Псалми 77:16-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Водите Те видоа, Боже, водите Те видоа и се повлекоа, бездните се разбрануваа.

17. Облаците истурија поројни води, облаците зататнија со гром, и Твоите стрели полетаа.

18. Твојот грмеж се заори во виорот, секавиците ја осветлија вселената, земјата се стресе и се разниша.

19. Низ морето Тебе Ти се отвори пат и Твојата патека низ големи води, а Твоите траги никој не ги виде.

20. Ти го водеше Твојот народ, како стадо, со рацете на Мојсеја и на Арона.

Прочитајте целосна глава Псалми 77