Стар Завет

Нов Завет

Псалми 76:6-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Од Твојата закана, Боже Јаковов, се скаменија колите и коњите.

7. Ти си страшен, и кој може да опстане пред жестокоста на Твојот гнев?

8. Ја изрече пресудата од небото, земјата се стресе и занеме од страв;

9. кога Бог стана да суди, да ги спаси кротките на земјата.

10. Зашто ќе Те прославува и бесот на човекот и со остатокот на бесот Ти се завиткуваш.

11. Заветувајте се и исполнувајте ги заветите на Господа, вашиот Бог; сите, околу Него, нека му донесуваат дарови на Достојнопочитуваниот.

12. Кој ја зауздува гордоста на кнезовите, Кој е страшен за царевите на земјата.

Прочитајте целосна глава Псалми 76