Стар Завет

Нов Завет

Псалми 75:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи. Не погубувај! Асафов псалм. Песна. Те славиме Боже, Те славиме, и го повикуваме Твоето име, ги проповедаме Твоите чудеса.

2. „Кога ќе го одредам времето, ќе судам право.

3. Па нека се стресе земјата со сите свои жители, Јас ги зацврстив нејзините столбови.

4. Ги опоменувам дрските: *Не бидете дрски!* Безбожниците: *Не бидете толку рогливи!

5. Не кревајте го својот рог против небото, не зборувајте дрско и тврдоврато!*”

6. Зашто издигањето не доаѓа ниту од исток ниту од запад, ниту пак од пустината.

7. Бог е Кој суди: овој го понижува, оној го возвишува!

8. Зашто во Господовата рака е чашата полна со пенушливо вино, добро измешано; Тој напојува од неа, до капка ќе ја испијат и ќе ја исцедат сите злосторници на земјата.

9. А јас ќе извикнувам радосно довека, ќе Му пеам на Јакововиот Бог.

10. Ќе им ги скршам роговите на безбожниците, а роговите праведнички ќе бидат возвишени.

Прочитајте целосна глава Псалми 75