Стар Завет

Нов Завет

Псалми 72:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За Соломон. (Давидов псалм). Боже, дај му го Твоето правосудство на царот и Твојата правда на царскиот син.

2. За да му суди праведно на Твојот народ, на бедните според праведноста!

3. Нека планините му донесат мир на народот, а брежињата правда.

4. Ќе им суди право на угнетуваните, ќе им донесе спасение на децата на бедните, а насилниците ќе ги сотре.

5. Нека се бојат од Тебе, додека трае сонцето, и месечината, низ сите поколенија.

6. Ќе слезе како роса врз тревата, како дожд што ја напојува земјата!

Прочитајте целосна глава Псалми 72