Стар Завет

Нов Завет

Псалми 71:4-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Боже мој, истргај ме од рацете на злотворот, од рацете на силникот и угнетувачот:

5. зашто, Ти Си, Господи, моја надеж, Господи, надеж од мојата младост!

6. На Тебе се потпирам од раѓањето; Ти Си ми заштитник од мајчиното крило: на Тебе пеам секогаш.

7. За мнозина станав чудо, зашто Ти ми беше силна помош.

8. Мојата уста беше полна со Твојата фала, Те славеше секој ден!

9. Не ме отфрлај на старост: не ме оставај, кога ќе ми се намали силата.

10. Зашто моите непријатели зборуваат за мене, и кои ме дебнат, се советуваат сложно:

Прочитајте целосна глава Псалми 71