Стар Завет

Нов Завет

Псалми 71:2-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Избави ме во Својата правда и спаси ме; наведни го увото и спаси ме!

3. Биди ми закрила на засолниште и цврста тврдина на спасението зашто Ти Си моја стена и тврдина.

4. Боже мој, истргај ме од рацете на злотворот, од рацете на силникот и угнетувачот:

5. зашто, Ти Си, Господи, моја надеж, Господи, надеж од мојата младост!

6. На Тебе се потпирам од раѓањето; Ти Си ми заштитник од мајчиното крило: на Тебе пеам секогаш.

7. За мнозина станав чудо, зашто Ти ми беше силна помош.

8. Мојата уста беше полна со Твојата фала, Те славеше секој ден!

9. Не ме отфрлај на старост: не ме оставај, кога ќе ми се намали силата.

Прочитајте целосна глава Псалми 71