8. Господ им суди на народите! Суди ми и мене, Господи, според мојата правда, и според мојата чесност во мене.
9. Нека прекрати беззаконието на нечесните, помогни му на праведникот. Ти, праведен Боже, Кој ги испитуваш срцата и внатрешноста.
10. Мојата заштита е во Бога, Кој ги избавува оние, што се прави во срцето.
11. Бог е праведен Судија, и Бог, Кој се гневи секојдневно на безбожниците.
12. Ако не се обрати, Тој ќе го наостри Својот меч, ќе го оптегне и ќе го приготви Својот лак.
13. Тој приготвил против нив смртоносни оружја, ги прави огнени Своите стрели.
14. Ете, злотворот зачна неправда, заноси нечесност и роди измама.
15. Ископа ров и го продлабочи; и падна во јамата, што ја ископа.