Стар Завет

Нов Завет

Псалми 7:6-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Стани, Господи, во Својот гнев; крени се против јароста на моите противници, и разбуди се заради мене, Ти, Кој го одреди судот.

7. И нека собраните народи Те опкружат; врати се на високо, над нив.

8. Господ им суди на народите! Суди ми и мене, Господи, според мојата правда, и според мојата чесност во мене.

9. Нека прекрати беззаконието на нечесните, помогни му на праведникот. Ти, праведен Боже, Кој ги испитуваш срцата и внатрешноста.

10. Мојата заштита е во Бога, Кој ги избавува оние, што се прави во срцето.

Прочитајте целосна глава Псалми 7