3. Господи, Боже мој! Ако јас го направив тоа, ако има неправда во моите раце,
4. ако му вратив со зло на оној, што беше во мир со мене; или го ограбив оној, кој ме гони без причина;
5. тогаш нека непријателот ја подгони мојата душа и нека ја стигне; и нека го згази животот мој на земјата, и ја повали мојата чест во прашина.
6. Стани, Господи, во Својот гнев; крени се против јароста на моите противници, и разбуди се заради мене, Ти, Кој го одреди судот.
7. И нека собраните народи Те опкружат; врати се на високо, над нив.
8. Господ им суди на народите! Суди ми и мене, Господи, според мојата правда, и според мојата чесност во мене.
9. Нека прекрати беззаконието на нечесните, помогни му на праведникот. Ти, праведен Боже, Кој ги испитуваш срцата и внатрешноста.
10. Мојата заштита е во Бога, Кој ги избавува оние, што се прави во срцето.