Стар Завет

Нов Завет

Псалми 7:10-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Мојата заштита е во Бога, Кој ги избавува оние, што се прави во срцето.

11. Бог е праведен Судија, и Бог, Кој се гневи секојдневно на безбожниците.

12. Ако не се обрати, Тој ќе го наостри Својот меч, ќе го оптегне и ќе го приготви Својот лак.

13. Тој приготвил против нив смртоносни оружја, ги прави огнени Своите стрели.

14. Ете, злотворот зачна неправда, заноси нечесност и роди измама.

15. Ископа ров и го продлабочи; и падна во јамата, што ја ископа.

16. Неговата нечесност ќе се врати врз неговата глава и неговото насилство ќе падне на неговото теме.

17. А јас ќе Го фалам Господа заради Неговата правда и ќе му пеам на Името на Сèвишниот Господ.

Прочитајте целосна глава Псалми 7