Стар Завет

Нов Завет

Псалми 7:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давидова тажачка, што Му ја испеа на Господа поради зборовите на Венијаминецот Хус. Господи, Боже мој! Се надевам во Тебе спаси ме од сите мои гонители и избави ме;

2. да не ми ја истргаат душата како лав, што раскинува, без да се најде избавител.

3. Господи, Боже мој! Ако јас го направив тоа, ако има неправда во моите раце,

4. ако му вратив со зло на оној, што беше во мир со мене; или го ограбив оној, кој ме гони без причина;

5. тогаш нека непријателот ја подгони мојата душа и нека ја стигне; и нека го згази животот мој на земјата, и ја повали мојата чест во прашина.

6. Стани, Господи, во Својот гнев; крени се против јароста на моите противници, и разбуди се заради мене, Ти, Кој го одреди судот.

7. И нека собраните народи Те опкружат; врати се на високо, над нив.

8. Господ им суди на народите! Суди ми и мене, Господи, според мојата правда, и според мојата чесност во мене.

9. Нека прекрати беззаконието на нечесните, помогни му на праведникот. Ти, праведен Боже, Кој ги испитуваш срцата и внатрешноста.

10. Мојата заштита е во Бога, Кој ги избавува оние, што се прави во срцето.

11. Бог е праведен Судија, и Бог, Кој се гневи секојдневно на безбожниците.

12. Ако не се обрати, Тој ќе го наостри Својот меч, ќе го оптегне и ќе го приготви Својот лак.

13. Тој приготвил против нив смртоносни оружја, ги прави огнени Своите стрели.

Прочитајте целосна глава Псалми 7