Стар Завет

Нов Завет

Псалми 69:7-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Зашто заради Тебе, претрпев навреда и срам ми го покри лицето.

8. Туѓинец им станав на браќата и странец на децата на својата мајка.

9. Зашто ме изеде ревноста за Твојот Дом и навредите на оние, што Те навредуваат Тебе, паднаа на мене.

10. Душата ја измачував со пост, ми се сврте на срам.

11. Зедов вреќа за облека и им станав приказ.

12. Кои седат пред вратата, зборуваат против мене, пијаниците ми пеат шеговити песни.

13. Но Тебе Ти се молам, Господи, во време на милоста Боже; услиши ме според Твојата голема добрина, според верноста на Твоето спасение!

14. Извлечи ме од калта, за да не потонам, избави ме од оние што ме мразат - од длабоките води.

15. Не оставај да ме покријат брановите, не оставај да ме проголта длабочината, не оставај бездната да ја затвори устата над мене!

16. Услиши ме, Господи, зашто е благо Твоето милосрдие, погледај на мене, според Твојата голема милост!

Прочитајте целосна глава Псалми 69