Стар Завет

Нов Завет

Псалми 69:30-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

30. Ќе Го фалам Божјото име со песни, ќе Го величам со зафалници.

31. Тоа ќе Му биде помило на Господа отколку жртвен бик, помило од јунец со копита и рогови.

32. Гледајте, бедни, и радувајте се, нека ви оживее срцето на сите, кои Го барате Бога.

33. Зашто Господ ги слуша сиромасите, Тој не ги презира Своите пленици.

34. Нека Го фалат небесата и земјата, морињата и сè што се движи во нив.

35. Зашто Бог ќе го избави Сион - Тој ќе ги изгради Јудините градови - тие ќе живеат таму, ќе имаат наследство.

Прочитајте целосна глава Псалми 69