Стар Завет

Нов Завет

Псалми 69:23-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Нека им се смрачат очите за да не гледаат, нека им ослабеат боковите засекогаш.

24. Излеј ја Својата лутина врз нив, нека ги зафати жарот на Твојот гнев!

25. Нека им запусти нивното живеалиште, нека не живее никој во нивниот шатор!

26. Зашто го гонеа оној, кого Ти го искара, болката му ја зголемуваат на оној, кого Ти го рани.

27. Врз нивното беззаконие додај уште вина, да не се оправдаат пред Тебе!

28. Нека бидат избришани од книгата на живите, нема да бидат вброени меѓу праведниците.

29. А јас сум беден и болен - нека ме штити Твојата помош, о Боже!

30. Ќе Го фалам Божјото име со песни, ќе Го величам со зафалници.

31. Тоа ќе Му биде помило на Господа отколку жртвен бик, помило од јунец со копита и рогови.

32. Гледајте, бедни, и радувајте се, нека ви оживее срцето на сите, кои Го барате Бога.

33. Зашто Господ ги слуша сиромасите, Тој не ги презира Своите пленици.

34. Нека Го фалат небесата и земјата, морињата и сè што се движи во нив.

35. Зашто Бог ќе го избави Сион - Тој ќе ги изгради Јудините градови - тие ќе живеат таму, ќе имаат наследство.

36. Ќе го наследат и потомците на Неговите слуги, ќе престојуваат во него оние, кои Го љубат Божјото име.

Прочитајте целосна глава Псалми 69