Стар Завет

Нов Завет

Псалми 69:17-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Не го скривај лицето пред Твојот слуга; зашто сум притеснет, услиши ме брзо!

18. Приближи и се на мојата душа и спаси ја; ослободи ме заради моите непријатели!

19. Ти знаеш како ме навредуваат, засрамуваат и срамат, пред Твоите очи се сите што ме измачуваат.

20. Навредувањето ми го скрши срцето и се истоштив, чекав некој да се сожали над мене, ама немаше никој. И некој да ме утеши, ама не го најдов.

21. Во јадењето ми замешаа жолчка, во мојата жед ме напоија со киселина.

22. Трпезата нека им биде примка, а жртвените гозби стапица!

23. Нека им се смрачат очите за да не гледаат, нека им ослабеат боковите засекогаш.

24. Излеј ја Својата лутина врз нив, нека ги зафати жарот на Твојот гнев!

25. Нека им запусти нивното живеалиште, нека не живее никој во нивниот шатор!

26. Зашто го гонеа оној, кого Ти го искара, болката му ја зголемуваат на оној, кого Ти го рани.

27. Врз нивното беззаконие додај уште вина, да не се оправдаат пред Тебе!

28. Нека бидат избришани од книгата на живите, нема да бидат вброени меѓу праведниците.

Прочитајте целосна глава Псалми 69