Стар Завет

Нов Завет

Псалми 69:17-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Не го скривај лицето пред Твојот слуга; зашто сум притеснет, услиши ме брзо!

18. Приближи и се на мојата душа и спаси ја; ослободи ме заради моите непријатели!

19. Ти знаеш како ме навредуваат, засрамуваат и срамат, пред Твоите очи се сите што ме измачуваат.

20. Навредувањето ми го скрши срцето и се истоштив, чекав некој да се сожали над мене, ама немаше никој. И некој да ме утеши, ама не го најдов.

21. Во јадењето ми замешаа жолчка, во мојата жед ме напоија со киселина.

Прочитајте целосна глава Псалми 69