Стар Завет

Нов Завет

Псалми 69:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи. На Шошаним. Давидов псалм. Спаси ме, Боже, водите ми стигнаа до грлото!

2. Потонав во длабока тиња и нема каде да ја ставам ногата; тонам во длабока вода, брановите ме покриваат.

3. Изнемоштев од викање, грлото ми зарипна, очите ми се истоштија, чекајќи Го мојот Бог.

4. Побројни се од влакната на мојата глава, оние што ме мразат за ништо. Потврди се од моите коски, оние што ми се противат неправедно: Зар можам да вратам она што не сум ограбил?

5. Боже, Ти ја знаеш мојата безумност, не Ти се скриени моите гревови.

6. Нека не се засрамат заради мене, оние што се надеваат на Тебе, Господи, Господи, над Воинствата! Нека не се засрамат заради мене, кои Те бараат Тебе, Боже Израелев!

7. Зашто заради Тебе, претрпев навреда и срам ми го покри лицето.

8. Туѓинец им станав на браќата и странец на децата на својата мајка.

9. Зашто ме изеде ревноста за Твојот Дом и навредите на оние, што Те навредуваат Тебе, паднаа на мене.

Прочитајте целосна глава Псалми 69