Стар Завет

Нов Завет

Псалми 66:9-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. & дарува живот на нашата душа и не остави да ни се сопне ногата.

10. Ти нè искуша о Боже, нè искушуваше, како сребро, со оган.

11. Нè остави да паднеме во стапица, ги стисна со вериги нашите слабини.

12. Остави да ни јаваат на глава: поминавме низ оган и вода, тогаш нè изведе во изобилие.

13. Ќе влезам со паленица во Твојот дом, ќе ги исполнам заветите пред Тебе,

14. што ги ветија моите усни, што ги заветува мојата уста во неволја.

15. Ќе Ти принесам паленици од мрсно, со мирис на овни, ќе жртвувам волови и јариња.

16. Дојдете, чујте, сите, што се боите од Бога, ќе ви раскажувам што и направи на мојата душа!

17. Со својата уста Го повикав Него, со јазикот Го фалев.

18. Ако мислев зло во срцето, Господ не би послушал.

19. Но Бог ме услиши: Обрна внимание на гласот на мојата молитва.

20. Благословен да е Бог, Кој не ми ја одби молитвата, Кој не ја отстрани од мене Својата милост.

Прочитајте целосна глава Псалми 66