Стар Завет

Нов Завет

Псалми 66:9-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. & дарува живот на нашата душа и не остави да ни се сопне ногата.

10. Ти нè искуша о Боже, нè искушуваше, како сребро, со оган.

11. Нè остави да паднеме во стапица, ги стисна со вериги нашите слабини.

12. Остави да ни јаваат на глава: поминавме низ оган и вода, тогаш нè изведе во изобилие.

13. Ќе влезам со паленица во Твојот дом, ќе ги исполнам заветите пред Тебе,

14. што ги ветија моите усни, што ги заветува мојата уста во неволја.

Прочитајте целосна глава Псалми 66