Стар Завет

Нов Завет

Псалми 65:6-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Ги утврдуваш планините со Својата јачина, препашан со сила.

7. Ги скротуваш: шумот на морето, шумот на брановите и вревата на народите.

8. Оние што живеат на крајот на земјата, се плашат од Твоите знаци; ги полниш со радост утрата и вечерите.

9. Ти ја посетуваш земјата и Ти ја напојуваш, ја збогатуваш неа многу. Божјата река се наполни со вода, Ти им обезбедуваш жито на луѓето. Вака ја подготви земјата:

10. и ги напојуваш браздите, и ги израмнуваш грутките; ја размекнуваш со дожд, и ги благословуваш посевите.

11. Ти ја овенча годината со Својата благост, плодност никнува зад Твоите стапалки.

12. Пустинските пасишта капат од изобилство, ридовите се препашуваат со радост.

13. Ливадите се китат со стада, долините се покриваат со жито; насекаде радосни воскликнувања, песна.

Прочитајте целосна глава Псалми 65