Стар Завет

Нов Завет

Псалми 65:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи. Давидов псалм за пеење. Боже, Тебе Ти припаѓа песна на Сион, пред Тебе се исполнува заветот -

2. Ти ја послушуваш молитвата. Секое тело доаѓа при Тебе.

3. Нашите гревови натежнаа, нашите престапи Ти ги очистуваш.

4. Блажен кого го избра и го зеде при Себе: тој живее во Твоите дворови. Да се наситиме со благата на Твојот дом и со светоста на Твојот Храм.

5. Чудесно нè услишуваш во Својата правда, о Боже, наше спасение, надеж на сите краишта на светот и на далечните мориња.

6. Ги утврдуваш планините со Својата јачина, препашан со сила.

7. Ги скротуваш: шумот на морето, шумот на брановите и вревата на народите.

8. Оние што живеат на крајот на земјата, се плашат од Твоите знаци; ги полниш со радост утрата и вечерите.

9. Ти ја посетуваш земјата и Ти ја напојуваш, ја збогатуваш неа многу. Божјата река се наполни со вода, Ти им обезбедуваш жито на луѓето. Вака ја подготви земјата:

10. и ги напојуваш браздите, и ги израмнуваш грутките; ја размекнуваш со дожд, и ги благословуваш посевите.

Прочитајте целосна глава Псалми 65