Стар Завет

Нов Завет

Псалми 64:6-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Измислуваат злодела, спремни сме со смислени намери: мислата и човечкото срце се длабока бездна.

7. Но Бог ги ранува со стрела, одненадеж ги прекриваат рани.

8. Сопствениот јазик ќе ги сопне, ќе бегаат од нив оние што ги гледаат:

9. сите се плашат, го слават Божјото дело и мислат за она што Тој направи.

10. Праведникот се весели во Господа, на Него се надева; и чесните извикуваат радосно со сето срце.

Прочитајте целосна глава Псалми 64