Стар Завет

Нов Завет

Псалми 64:3-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Кои ги острат јазиците како мечеви, исфрлаат отровни зборови како стрели,

4. за да го ранат потајно невиниот, за да го ранат одненадеж, не плашејќи се од ништо.

5. Подготвени се за пакосно дело, смислуваат како да постават крадум стапици и зборуваат: „Кој ќе нè види?”

6. Измислуваат злодела, спремни сме со смислени намери: мислата и човечкото срце се длабока бездна.

7. Но Бог ги ранува со стрела, одненадеж ги прекриваат рани.

8. Сопствениот јазик ќе ги сопне, ќе бегаат од нив оние што ги гледаат:

9. сите се плашат, го слават Божјото дело и мислат за она што Тој направи.

10. Праведникот се весели во Господа, на Него се надева; и чесните извикуваат радосно со сето срце.

Прочитајте целосна глава Псалми 64