Стар Завет

Нов Завет

Псалми 64:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи. Давидов псалм. Послушај го, Боже, гласот на мојата жалба, чувај ми го животот од страшен непријател!

2. Штити ме од множество лукави, скриј ме од бесот на злодејците.

3. Кои ги острат јазиците како мечеви, исфрлаат отровни зборови како стрели,

4. за да го ранат потајно невиниот, за да го ранат одненадеж, не плашејќи се од ништо.

5. Подготвени се за пакосно дело, смислуваат како да постават крадум стапици и зборуваат: „Кој ќе нè види?”

6. Измислуваат злодела, спремни сме со смислени намери: мислата и човечкото срце се длабока бездна.

Прочитајте целосна глава Псалми 64