Стар Завет

Нов Завет

Псалми 62:4-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Се заверија да ме фрлат од мојата висина, уживаат во лага; благословуваат со устата, а колнат со срцето.

5. Душо моја, мирот е само во Бога, мојата надеж е само на Него.

6. Само Тој е моја заштита и спасение, Тврдина моја: нема да се поколебам.

7. Во Бога е моето спасение и слава; Бог ми е силна карпа и прибежиште.

8. Надевај се на Него, народе, во секое време, излевајте ги срцата пред Него: Бог е наше засолниште!

9. Синовите на луѓето се суетни, лага се човечките синови: Сите да застанат на мерилка, ќе бидат полесни од суетата.

10. Не се надевајте на насилие, ниту се фалите суетно со ограбеното; ако ви се зголеми богатството, вашето срце нека не се прилепи кон него.

11. Бог рече едно, а јас чув две: „Силата е во Бога!”

12. Господи, во Тебе е добрината! Ти му враќаш секому според делата.

Прочитајте целосна глава Псалми 62