Стар Завет

Нов Завет

Псалми 62:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи, по Едутуна. Давидов псалм. Душо моја, мирот е само во Бога, спасението е само во Него.

2. Само Тој е моја заштита и спасение, Тврдина моја: нема да се поколебам.

3. До кога ќе се нафрлате врз бедниот, за да го сотрете сите заедно, како разурнат ѕид или навалена ограда?

4. Се заверија да ме фрлат од мојата висина, уживаат во лага; благословуваат со устата, а колнат со срцето.

5. Душо моја, мирот е само во Бога, мојата надеж е само на Него.

6. Само Тој е моја заштита и спасение, Тврдина моја: нема да се поколебам.

7. Во Бога е моето спасение и слава; Бог ми е силна карпа и прибежиште.

Прочитајте целосна глава Псалми 62