Стар Завет

Нов Завет

Псалми 59:12-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Грев е секој збор на нивните усти, нека се фатат во својата гордост, во клеветите и лагите, што ги зборуваат!

13. Истреби ги во гнев, истреби ги за да исчезнат, нека се знае дека Господ владее во Јакова и до крајот на земјата.

14. Навечер се враќаат и вијат како кучиња и трчаат по градот.

15. Нека скитаат наоколу барајќи храна; и кога нема да се наситат, тогаш ‘ржаат.

16. А јас ќе ја опејам Твојата сила и наутро ќе ја прославувам Твојата милост, зашто Ти ми стана засолниште и прибежиште во ден на неволја.

17. О моја Сило, со песна ќе Те славам, зашто Ти си Боже, моја заштита, мој Бог, Кој ме милува.

Прочитајте целосна глава Псалми 59