Стар Завет

Нов Завет

Псалми 59:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началникот на пејачите. Не погубувај! Давидово пишување, кога Саул испрати да го погубат во куќата. Избави ме од непријателите, Боже мој, заштити ме од моите противници!

2. Избави ме од беззакониците, спаси ме од крволоците!

3. Зашто ете; ја дебнат мојата душа, силниците станаа против мене. Нема вина на мене, о Господи ни грев:

4. Без моја вина се нафрлаат врз мене. Разбуди се! Дојди ми на помош и погледај,

5. Господи, Боже над Воинствата, Израелев Боже! Подигни се, казни ги сите многубошци, немој да им се смилуваш на подлеците!

6. Навечер се враќаат, вијат како кучиња и трчаат по градот.

7. Гледај, како блуваат со устите; клеветите им се на устите и велат: „Кој нè слуша?”

Прочитајте целосна глава Псалми 59