Стар Завет

Нов Завет

Псалми 59:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началникот на пејачите. Не погубувај! Давидово пишување, кога Саул испрати да го погубат во куќата. Избави ме од непријателите, Боже мој, заштити ме од моите противници!

2. Избави ме од беззакониците, спаси ме од крволоците!

3. Зашто ете; ја дебнат мојата душа, силниците станаа против мене. Нема вина на мене, о Господи ни грев:

4. Без моја вина се нафрлаат врз мене. Разбуди се! Дојди ми на помош и погледај,

5. Господи, Боже над Воинствата, Израелев Боже! Подигни се, казни ги сите многубошци, немој да им се смилуваш на подлеците!

6. Навечер се враќаат, вијат како кучиња и трчаат по градот.

7. Гледај, како блуваат со устите; клеветите им се на устите и велат: „Кој нè слуша?”

8. Но, Ти им се смееш, о Господи, и им се ругаш на сите незнабошци.

9. О Сило моја, ќе се надевам на Тебе, зашто Ти си Боже, моја заштита,

10. мој Бог, Кој ме милува, ќе ме одбрани; Бог ќе ми даде да ги видам моите непријатели.

11. Не погубувај ги, за да не ми го заведуваат народот, распрсни ги со Твојата сила, симни ги Господи, заштитнику наш.

12. Грев е секој збор на нивните усти, нека се фатат во својата гордост, во клеветите и лагите, што ги зборуваат!

Прочитајте целосна глава Псалми 59