Стар Завет

Нов Завет

Псалми 58:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началникот на пејачите. Не погубувај! Давидово пишување. Зборувате ли вистина, правда, вие силници, праведно ли судите, човечки синови?

2. Не, туку смислено беззаконие правите, вашите раце делат неправда по земјата.

3. Безбожниците се на крив пат уште од раѓањето, лагачите се на крив пат од мајчината утроба.

4. Во нив е отров како во змијата, како во лутица што ги затнува ушите,

5. за да не го чуе волшебниковиот глас, ни гласот на бајачот што вража искусно.

6. О Боже, скрши им ги забите во устата, о Господи, здроби им ги вилиците на лавчињата!

7. Нека се излеат како водите што истечуваат, кога ќе го растегнеш својот лак, нека бидат како обезглавени.

8. Нека исчезнат како полжав што се топи лазејќи, нека не видат сонце како пометнато новороденче.

9. Пред котлите ваши да го почувствуваат трњето, виорот нека го однесе додека е зелено.

Прочитајте целосна глава Псалми 58