5. Возвиши се, Боже, над небесата, Твојата слава нека е над целата земја!
6. Наместија мрежи за моите стапки, ја стиснаа мојата душа; ископаа јама пред мене, и сами паднаа во неа.
7. Постојано е моето срце Боже, постојано е моето срце, ќе пеам и ќе свирам.
8. Разбуди се, душо моја! Разбуди се псалтир и гусле! Ќе ги разбудам утринските мугри.
9. Ќе Те фалам Господи, меѓу народите, ќе Ти пеам меѓу племињата.
10. Зашто Твојата милост е до небото, Твојата верност е до облаците.
11. Возвиши се, Боже, над небесата, Твојата слава нека е над целата земја!