Стар Завет

Нов Завет

Псалми 56:6-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Се состануваат и дебнат; внимаваат на моите чекори; за да ја уловат мојата душа.

7. Плати им според беззаконието, о Боже, со гнев обори ги незнабошците!

8. Ти ги изброи дните на моите скитања, ги собра моите солзи во Твојот сад; не е ли запишано сè во Твојата книга?

9. Моите непријатели ќе се повлечат, штом ќе Те повикам. Од ова знам дека Бог е за мене!

10. Го славам Божјото слово, го славам Господовото слово.

11. Се надевам на Бога и нема да се плашам: што може да ми направи човек?

12. Ме врзуваат заветите што Ти ги направив Тебе, о Боже, ќе Ти принесам благодарни жртви,

13. зашто ми ја спаси душата од смрт. Ти ги запази моите нозе од паѓање за да одам пред Бога, во светлината на живите.

Прочитајте целосна глава Псалми 56