Стар Завет

Нов Завет

Псалми 56:2-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Моите непријатели се нафрлаат врз мене секој ден; мнозина се оние, што војуваат против мене.

3. Кога стравот ме опфаќа, на Тебе ќе се надевам.

4. Во Бога јас ќе го фалам Неговото слово; јас се надевам на Бога и нема да се плашам, што може да ми направи смртник?

5. Од утро до вечер, ми ги изопачуваат зборовите; сите нивни помисли се зло за мене.

6. Се состануваат и дебнат; внимаваат на моите чекори; за да ја уловат мојата душа.

7. Плати им според беззаконието, о Боже, со гнев обори ги незнабошците!

Прочитајте целосна глава Псалми 56