Стар Завет

Нов Завет

Псалми 56:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началникот на пејачите. За гулабица, што молчи во далечина. Давидово писмо, кога Филистејците го фатија во Гат. Смилувај ми се мој Боже, зашто човекот сака да ме проголта; мојот напаѓач непрекратно ме угнетува.

2. Моите непријатели се нафрлаат врз мене секој ден; мнозина се оние, што војуваат против мене.

3. Кога стравот ме опфаќа, на Тебе ќе се надевам.

4. Во Бога јас ќе го фалам Неговото слово; јас се надевам на Бога и нема да се плашам, што може да ми направи смртник?

5. Од утро до вечер, ми ги изопачуваат зборовите; сите нивни помисли се зло за мене.

6. Се состануваат и дебнат; внимаваат на моите чекори; за да ја уловат мојата душа.

7. Плати им според беззаконието, о Боже, со гнев обори ги незнабошците!

8. Ти ги изброи дните на моите скитања, ги собра моите солзи во Твојот сад; не е ли запишано сè во Твојата книга?

9. Моите непријатели ќе се повлечат, штом ќе Те повикам. Од ова знам дека Бог е за мене!

10. Го славам Божјото слово, го славам Господовото слово.

Прочитајте целосна глава Псалми 56