Стар Завет

Нов Завет

Псалми 55:9-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Збуни ги, Господи, изметкај им ги јазиците, зашто гледам насилство и препирка во градот:

10. Дење и ноќе кружат по ѕидиштата, беззаконија и неволји има во него.

11. Среде него: заседа, неправдата и подлоста не заминуваат од неговите улици.

12. Ако ме укореше непријателот, тоа би го претрпел; да се кренеше против мене оној, што ме мрази, би се скрил пред него.

13. Но, тоа беше ти, ти еднаков со мене, мој пријател, мој довереник,

14. со кого другарував слатко и одевме сложно во Божјиот дом.

15. Смртта нека ги најде одненадеж, нека слезат живи во Подземјето, зашто пакоста им е во живеалиштето и во срцето.

16. А јас ќе Го повикам Бога и Господ ќе ме спаси.

17. Навечер, наутро и на пладне ќе плачам тажно, и Тој ќе го чуе мојот глас.

18. Ќе ми даде мир од оние што ме гонат: зашто се мнозина против мене.

19. Бог ќе чуе и ќе ги понизи, Оној, Кој царува од векови, зашто не се поправаат, не се бојат од Бога.

Прочитајте целосна глава Псалми 55