Стар Завет

Нов Завет

Псалми 55:14-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. со кого другарував слатко и одевме сложно во Божјиот дом.

15. Смртта нека ги најде одненадеж, нека слезат живи во Подземјето, зашто пакоста им е во живеалиштето и во срцето.

16. А јас ќе Го повикам Бога и Господ ќе ме спаси.

17. Навечер, наутро и на пладне ќе плачам тажно, и Тој ќе го чуе мојот глас.

18. Ќе ми даде мир од оние што ме гонат: зашто се мнозина против мене.

19. Бог ќе чуе и ќе ги понизи, Оној, Кој царува од векови, зашто не се поправаат, не се бојат од Бога.

Прочитајте целосна глава Псалми 55