1. За началникот на пејачите, на жичани, инструменти. Давидово учење. Послушај ми ја Боже, молитвата, не криј се од мојата молитва:
2. Внимавај на мене и услиши ме! Се измачувам во својата тешкотија,
3. ме збуни викотницата на непријателите и грешничкото угнетување. Се нафрлија врз мене со беззаконие, бесно ме гонат.
4. Срцето ми трепери и смртен страв ме опфати.
5. Страв и трепет дојдоа на мене и ужас ме обзеде.
6. Извикав: „О да имав крилја гулабови, ќе одлетав и ќе се одморев!
7. Ете, би летал далеку, далеку, ќе се настанев во пустината;
8. бргу ќе побарав засолниште од бесна бура и од виорот.”
9. Збуни ги, Господи, изметкај им ги јазиците, зашто гледам насилство и препирка во градот: