Стар Завет

Нов Завет

Псалми 54:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началникот на пејачите. На жичани свирки. Давидова поука, кога дојдоа Зифеите и му рекоа на Саула: „Не ли се крие Давид кај нас.” Спаси ме, Боже, со Твоето име, и со Твојата сила извојувај ми правда!

2. Послушај ја, Боже, мојата молитва, и сослушај ги зборовите на мојата уста!

3. Зашто туѓинци станаа против мене и силниците го бараат мојот живот: го немаат Бога пред себеси.

4. Ете, Бог ми помага, Господ го крепи мојот живот.

5. Ја свртува несреќата врз моите непријатели, истреби ги со Твојата вистина.

6. Радосно, од срце, ќе Ти принесам жртва, ќе Го фалам Твоето Име, Господи, зашто е благо;

7. зашто Ти ме избави од секоја мака, и моето око ги виде засрамени моите непријатели.

Прочитајте целосна глава Псалми 54