Стар Завет

Нов Завет

Псалми 51:7-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Пороси ме со босилек, за да се очистам, измиј ме и ќе бидам побел од снегот!

8. Дај ми да чујам радост и веселба, за да се зарадуваат скршените коски!

9. Заврти го лицето од моите гревови, избриши го сето мое беззаконие!

10. Боже, создај ми чисто срце, и постојан дух обнови во мене!

11. Не ме отфрлај од Твоето лице и не одземај го Твојот Свет Дух од мене!

12. Врати ми ја радоста на Своето спасение и поткрепи ме со слободен дух!

Прочитајте целосна глава Псалми 51