Стар Завет

Нов Завет

Псалми 51:4-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Тебе, само Тебе, Ти згрешив и направив што е зло пред Тебе: ќе бидеш праведен кога ќе проговориш, кога ќе пресудиш без прекорување.

5. Еве, грешен сум веќе роден, во грев ме зачна мојата мајка.

6. Ете, Ти љубиш искрено срце, ме учиш на мудрост во длабочината на душата.

7. Пороси ме со босилек, за да се очистам, измиј ме и ќе бидам побел од снегот!

8. Дај ми да чујам радост и веселба, за да се зарадуваат скршените коски!

9. Заврти го лицето од моите гревови, избриши го сето мое беззаконие!

10. Боже, создај ми чисто срце, и постојан дух обнови во мене!

11. Не ме отфрлај од Твоето лице и не одземај го Твојот Свет Дух од мене!

12. Врати ми ја радоста на Своето спасение и поткрепи ме со слободен дух!

13. Ќе ги научам беззакониците на Твоите патишта и грешниците ќе Ти се обратуваат.

14. Ослободи ме од пролеаната крв, Боже, Боже, Спасителе мој! Нека мојот јазик се зарадува за Твојата правда.

15. Господи, отвори ги моите усни, и мојата уста ќе ја разгласува Твојата фала.

16. Не Ти се мили жртви, кога би принесувал паленица, Ти не би ја примил.

Прочитајте целосна глава Псалми 51