Стар Завет

Нов Завет

Псалми 51:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началникот на пејачите. Давидов псалм. Кога пророкот Натан дојде при него, откако Давид беше при Витсавеа. Смили ми се Боже, според Твоето милосрдие, според големите помилувања избриши го моето беззаконие!

2. Измиј ме целиот од мојата вина, очисти ме од мојот грев.

3. Зашто го признавам своето беззаконие, мојот грев е секогаш пред мене.

4. Тебе, само Тебе, Ти згрешив и направив што е зло пред Тебе: ќе бидеш праведен кога ќе проговориш, кога ќе пресудиш без прекорување.

5. Еве, грешен сум веќе роден, во грев ме зачна мојата мајка.

6. Ете, Ти љубиш искрено срце, ме учиш на мудрост во длабочината на душата.

7. Пороси ме со босилек, за да се очистам, измиј ме и ќе бидам побел од снегот!

Прочитајте целосна глава Псалми 51