Стар Завет

Нов Завет

Псалми 50:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Асафов псалм. Бог над боговите, Господ, говори и ја вика земјата од изгрејсонце до зајдисонце.

2. Од прекрасниот Сион Бог заблиста:

3. нашиот Бог доаѓа и не молчи. Пред Него врви оган што проголтува, околу Него беснее силна бура.

4. Тој ги повикува одозгоре небесата и земјата, за да му суди на Својот народ:

5. Соберете ги Моите избраници кои со жртва склучија завет со Мене!

Прочитајте целосна глава Псалми 50