Стар Завет

Нов Завет

Псалми 5:9-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Зашто нема искреност во нивните усти, срцето им е полно со нечесност; нивното грло е отворен гроб, а со јазикот ласкаат.

10. Боже, сметај ги за виновни! Нека паднат во тоа што самите го скроиле; истерај ги заради нивните бројни престапи, зашто се побунија против Тебе.

11. И ќе се веселат сите, кои се надеваат на Тебе; секогаш ќе се радуваат, зашто Ти си им покровител; и ќе ликуваат во Тебе оние, кои го љубат Твоето Име.

12. Зашто, Господи, Ти го благословуваш праведникот; го заштитуваш, со Својата милост, како со штит.

Прочитајте целосна глава Псалми 5