Стар Завет

Нов Завет

Псалми 5:2-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Чуј го гласот на моето викање, Царе мој и Боже мој, зашто Тебе Ти се молам!

3. Наутро го слушаш мојот глас; о Господи! Наутро ја испраќам мојата молитва кон Тебе и чекам.

4. Зашто Ти си Бог, Кому не Му е мило беззаконието; нечесниот нема да живее при Тебе;

5. ниту гордите ќе се одржат пред Твоите очи, Ти ги мразиш сите што прават беззаконие.

6. Ќе ги истребиш оние, кои зборуваат лага; Господ се гнаси од човек крвопиец и измамник.

7. А јас ќе влезам во Твојот дом, по Твојата голема милост; ќе се поклонам пред Твојот свет Храм, полн со почитување кон Тебе.

8. Господи! води ме во Својата правда, заради моите непријатели; израмни го Твојот пат пред мене.

9. Зашто нема искреност во нивните усти, срцето им е полно со нечесност; нивното грло е отворен гроб, а со јазикот ласкаат.

10. Боже, сметај ги за виновни! Нека паднат во тоа што самите го скроиле; истерај ги заради нивните бројни престапи, зашто се побунија против Тебе.

11. И ќе се веселат сите, кои се надеваат на Тебе; секогаш ќе се радуваат, зашто Ти си им покровител; и ќе ликуваат во Тебе оние, кои го љубат Твоето Име.

12. Зашто, Господи, Ти го благословуваш праведникот; го заштитуваш, со Својата милост, како со штит.

Прочитајте целосна глава Псалми 5